Овде се напишани општите правила и услови за користење на нашата веб страна како и за користењето на нашите услуги.
Сликите се за презентација и не ја преставуваат реалната состојба.
Овде се напишани општите правила и услови за користење на нашата веб страна како и за користењето на нашите услуги.
Сликите се за презентација и не ја преставуваат реалната состојба.
Пред да започнете со користење на нашите услуги / користење на резервираното возило, обврзани сте да го потпишете следниот
Член 1
Странките се договорија КОРИСНИКОТ своерачно да го потпише договорот за
наем и со тоа се согласи со одредбите од договорот дека:
а) Цените и другите услови од важечкиот ценовник ги прифати како составен дел
од договорот;
б) Дека возилото го прима во технички исправна состојба со целиот прибор и
документи кои му припаѓаат;
в) Дека возилото ќе го врати во договорениот рок кој е назначен на предната
страна од договорот или порано по барање на СОПСТВЕНИКОТ на возилото;
г) Дека за продолжување на договорот ќе бара согласност од СОПСТВЕНИКОТ на
возилото, во рок од 24 часа пред истекувањето на назначениот ден за враќање на
возилото.
д) Ако за време на користењето на возилото забележи дека бројачот на километри
е неисправен, веднаш да го прекине возењето и за тоа веднаш да го извести
СОПСТВЕНИКОТ на возилото;
ѓ) Дека без согласност на СОПСТВЕНИКОТ на возилото нема да прави никакви
промени на деловите, склоповите или уредите на возилото;
е) Дека возилото уредно ќе го одржува со внимание на „ДОБАР ДОМАЌИН“;
Член 2
а) КОРИСНИКОТ се обврзува дека возилото под наем нема да го користи:
– под дејство на алкохол и дрога,
– во противзаконска намена (кривично дело, царински и девизен прекршок),
– за превоз на стока или патници со надоместок,
– за превоз или влечење на други возила или нивни делови,
– за учество во мото-спортски приредби,
– дека ќе му го плати на СОПСТВЕНИКОТ износот на трошоците за
______________км. пресметано по редовна тарифа за секој ден користење на
возилото, доколку при враќање на возилото се увиде дека бројачот на километри
е оштетен.
б) КОРИСНИКОТ се обврзува дека возилото под наем:
– ќе го користи за лични потреби,
– ќе го управува сам или лице кое е запишано во рубриката како „ВТОР ВОЗАЧ“,
– нема да го оптерети со предмети или лица преку дозволената максимална
тежина,
– нема да го користи за премин преку границата на Р.Македонија без најава на
СОПСТВЕНИКОТ и без добивање на зелен картон.
Член 3
а) КОРИСНИКОТ се обврзува дека на СОПСТВЕНИКОТ на возилото, по
пресметката за чинењето на услугата, веднаш или по договорениот рок ќе го
плати износот за наем по назначената тарифа од овој договор и останатите
трошоци кои се сметат за користење на возилото по важечкиот ценовник;
б) Доколку КОРИСНИКОТ при предавање на возилото врати помала количина на
гориво отколку што имало при превземањето на возилото, се наплатува разликата
на горивото на резервоарот по важечкиот ценовник.
Член 4
а) КОРИСНИКОТ е одговорен за направената штета на возилото за време на
неговото возење како и за штетата која настанала заради не користење на
возилото (стоење на оштетеното возило за цело времетраење на поправката)
доколку дошло до оштетување по кривица на корисникот.
Износот на штетата настаната заради некористењто на возилото се утврдува на
износ на паушална цена врз база на дневниот наем на возилото по важечкиот
ценовник на RENTACAR услугата.
б) При склучување на договорот за користење на возилото, КОРИСНИКОТ може
да се осигура со плаќање на дневна премија на осигурување назначена во
важечкиот ценовник.
Член 5
Без оглед на евентуалниот откуп на одоворноста за штетата настаната на
возилото, КОРИСНИКОТ е одговорен:
– за настанатата штета на возилото кој ТОЈ или „ВТОРИОТ ВОЗАЧ“ е
предизвикана под дејство на алкохол или дрога,
– ако штетата е предизвикана намерно или заради грубо невнимание при
возењето,
– ако возачот во моментот на настанувањето на штетата немал исправна возачка
дозвола.
Член 6
Доколку КОРИСНИКОТ не ги плати трошоците за наемот во одредениот рок,
СОПСТВЕНИКОТ на возилото има право да направи законска затезна камата.
Член 7
Дефектите на моторот предизвикани од невнимание на КОРИСНИКОТ и
оштетување на авто гумите не се осигурени и паѓаат на товар на КОРИСНИКОТ.
Трошоците за гориво, паркирање, гаражирање и казните за сообраќајните
прекршоци ги сноси КОРИСНИКОТ, како и трошоците за миење на возилото кои
се наплатуваат по ценовникот на сервисот за миење на возила.
Член 8
КОРИСНИКОТ се обврзува дека во случај на несреќа ќе ги штити интересите на
СОПСТВЕНИКОТ на возилото и неговиот осигуретилен завод, со тоа што:
– ќе ги забележи имињата и адресите на учесниците и сведоците на несреќата,
– нема да го напушти оштетеното возило додека не го отстрани од местото на
несреќата и не го осигура,
– дека за штетата, иако е незначителна, веднаш ќе го извести СОПСТВЕНИКОТ на
возилото,
– во случај на поголемо оштетување на возилото или ако во несреќата има
повредени лица (и кога е очигледна кривицата на други лица), веднаш ќе го
повика и причека органот на полицијата поради извршување на слубен увид.
– ќе поднесе писмен извештај за несреќата до СОПСТВЕНИКОТ на возилото.
Член 9
Поправките или замената на деловите на возилото можат да се вршат само во
овластен сервис со претходна согласност на СОПСТВЕНИКОТ на возилото.
Трошоците за поправката СОПСТВЕНИКОТ на возилото ќе ги признае само со
приложена фактура од сервисот и презентирање на заментите делови.
Ако при враќњето на возилото се утврди дека било кој дел од возилото или
опремата е променет односно изгубен, КОРИСНИКОТ ќе ја плати штетата во обем
кој ќе го утврди СОПСТВЕНИКОТ на возилото.
Член 10
За времетраењето на наемот, СОПСТВЕНИКОТ на возилото има право на
контрола на исправноста на возилото и доколку утврди дека КОРИСНИКОТ не ги
почитува условите од овој договор, има право да го одземе возилото.
Член 11
Во случај на спор од овој договор, надлежност има Основен суд Виница.
За било какви дополнителни информации во врска со нашите услуги или нашите услови за користењето на услугите Ве молиме контактирајте не на: